Тројца имигранти исчезнаа во надојдените води на реката Марица

Тројца имигранти исчезнаа во водите на реката Марица.   Имигрантите  биле однесени од надојдените води на реката при обид заедно со група илегалци да преминат од турскиот брег на територија на Грција.

Спасувачките екипи пронашле вкупно 15 лица, од кои 13 Авганистанци, еден Сириец и еден Алжирец.

Спасените изјавиле дека уште три лица, кои патувале со чамецот, се исчезнати. Тие се државјани на Ирак, Пакистан и Авганистан

02.12.2013 - 10:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега