Додека го погребувале братот на фудбалерот Саво Милошевиќ крадци му ја ограбиле куќата

Додека роднините, пријателите и најблиските го испраќаа во вечното живеалиште братот на екс фудбалскиот репрезентативец на Југославија и Србија Саво Милошевиќ, неговата куќа била ограбена. 

Како што пренесуваат српските медиуми, засега непознати лица додека траел погребот влегле во куќата на братот на фудбалерот и ја ограбиле, но засега нема официјални информации што точно однеле. Жената која во моментот ја чувала куќата веднаш го пријавила случајот во полиција.

Инаку, оваа трагедија во животот на фудбалерот се случува набрзо откако почина и неговиот дедо, кој издржуваше затворска казна бидејќи си го убил синот. Андрија загина во страотна сообраќајна несреќа во близина на Шимовац.

Тој зад себе остави сопруга и две деца.

02.12.2013 - 09:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега