Ја врза косата во репче, па полицијата на Иран ја изрешета (ВИДЕО)

Неколку дена откако полицијата на Иран до смрт ја претепа 22-годишната Махсу Амини зашто не носела хиџаб според правилата, во масовни протести загина и 20-годишната Хадис Хаджафи.

Иранските сили за безбедност ја изрешетале минатиот викенд на еден од протестите, а таа била погодена со шест куршуми во градите, лицето и вратот.

На социјалните мрежи се појави снимка на која може да се забележи како девојка сака да се приклучи на групата демонстранти, пишува „Би-Би-Си“.

26.09.2022 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега