Во Дебар регистриран само еден случај на заболен од СИДА

 

Во општините Дебар и Центар Жупа регистриран е само еден случај на лице заразено со вирусот на ХИВ/СИДА.

- Случајот е регитриран пред четири години. Станува збор за жена тогаш на возраст од 28 години, која е во добра општа состојба, информираат од надлежните институции.

Во дебарско нема речиси никаков интерес да се направи брз тест, иако е бесплатен, поради што апелираат до граѓаните тоа да го сторат заради сопствено и здравјето на другите.

01.12.2013 - 15:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега