Прилеп прераснува во модерен европски град - градоначалникот даде отчет за сработеното
Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристевски, даде отчет за сработеното.
Општина Прилеп продолжува со реализација и отпочнување на нови проекти од ветената изборна програма кои ќе значат подобрување на квалитетот на живеење на сите граѓани.
Наша заедничка цел со граѓаните на Општина Прилеп е да направиме просперитетен, еконосмки подобар и поуреден – Европски Прилеп.
Во тој контекст во текот на оваа година во тек на реализација се следниве проекти:
Во тек е изградбата на инфраструктура на Индустриската зона Прилеп 1 со средства обезбедени од Буџетот на Локалната самоуправа. Во оваа зона претходно беа распродадени 21 локација за изградба на фабрики и погони кои ќе овозможат капацитет на нови 2000 вработувања.
При крај е изработката на новиот ДУП за Индустриската зона Прилеп 2 каде ќе бидат понудени нови 16 локации за изградба на помали економски капацитети кои во иднина ќе овозможат 1000 нови вработувања.
Започна првата фаза од проектот за реконструкција на 23 километри канализациона мрежа низ градот и изградба на нова Пречистителна станица во вредност од 20 милиони евра, средства од ЕУ и Владата на Р.Македонија. Во втората фаза ќе бидат реконструирани околу 45 км канализациона мрежа, средства во висина од 10 милиони еврa обезбедени од ЕУ и Владата на Р.Македонија со што градот комплетно ќе го реши проблемот со третман на отпадните води.
Заврши првата фаза од реконструкцијата на плоштадот Методија Андонов Ченто во вредност од 30 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на Локалната Самоуправа со што Прилеп го доби еден од најубавите плоштади во централното градско подрачја, а во тек е продолжување на изградба на втората фаза за партерно уредување на овој плоштад од улицата „Борка Талески“ до ОУ „Кочо Рацин“.
Во тек се градежните активности околу уредување на плоштадот околу Градскиот часовник кој претходно беше реконструиран со средства од Локалната самоуправа , со што Прилеп ќе го добие првиот ориентален плоштад во склоп на Старата чаршија, вреден околу 6 милиони денари.
Заврши првата фаза од реконструкцијата на влезот на градот од страната на Скопје на потегот од Бензиската пумпа на Лук оил до Мак Петрол во должина од 800 метри, вредност од 600.000 илјади евра.
Во тек се градежни активности околу продолжување на втората фаза на потегот од бензиска пумпа Мак Петрол до раскрсница Солидност во должина од 1100 метри, вредност од 800.000 илјади евра. Со што Прилеп ќе добие модерен, безбеден и добро осветлен главен влез на градот по теркот на европските градови. Или вкупно 1.400.000 евра за реализација на двете фази.
Во соработка со Владата на РМ и Министерството за транспорт и врски се изгради патот до манастирот Трескавец, во должина од 7,5 километри во вредност од 1.700.000 евра, со што овај манастир за прв пат доби асфалтен пат достапен за посетителите.
Пуштен во употреба е нов кружен тек во центарот на градот во близина на Поштата, со што е решен проблемот со една од најопасните раскрсници во централното градско подрачје. Проект вреден 6 милиони денари пари обезбедени од буџетот на Локалната самоуправа.
Поставен е новиот спомен симбол наречен Прилепски Бранители висок 18 метри на кружниот тек во близина на хотелот Липа, вредност окулу 6 милиони денари.
Набавени се нови автобуси од буџетот на Локалната самоуправа и во тек е формирање на ново јавно претпријатие „Градски превоз“ кој беше едно од ветувањата во предизборната програма по барање на граѓаните на Општина Прилеп. Прилеп конечно ќе добие современ градски превоз.
Од страна на ЈКП „Комуналец“ набавени се машини и технологија за селекција и рециклирање на отпад, со што ќе започне да се гради првата фабрика во Македонија за рециклирање на отпад и негово претворање во електрична енергија и био гас. Проект вреден повеќе милиони евра. Средствата се обезбедени од ЈКП „Комуналец“ и Локалната самоуправа.
Во центарот на Прилеп ќе се гради современ трговско деловен објект со локација на сегашниот млечен пазар. Приватна инвестиција вредна 3 милиони евра која ќе овозможи нови 100 - тина вработувања и паркинг простор за 100 возила.
Во Прилеп продолжува изградбата на новиот Сити центар Прилеп, современ трговско - деловен центар на површина од 20 – тина илјади метри квадратни со гаражен простор од 400 паркинг места и современи деловни објекти, проект вреден 10 – тина милиони евра кој ќе овозможи нови 250 вработувања.
Во тек се градежни активности околу допокривање и додветлување на градскиот пазар. Во рамките на зелениот пазар според хасап стандарди ќе биде сместен и млечниот пазар. Проект вреден 6 милиони денари.
Поставен е камен темелник на нова автобуска станица и транспортен центар кој проект е приватна инвестиција вредна милион евра со 50 нови вработувања, со што Прилеп ќе добие еден од најмодерните и најубави транспортни центри во Македонија.
Пуштена во употреба е новата Противпожарна станица со реконструкција на старото индустриско училиште, пари обезбедени од буџетот на Локалната самоуправа во висина од околу 15 милиони денари, со што прилепската Противпожарната единица има едни од најдобрите услови за работа со модерен едукативен центар.
После долги години започна да функционира новото кино „Мис Стон“. Проект реализиран со средства од буџетот на Локалната самоуправа и Министерство за култура. Прилеп после повеќе од 20 години доби кино, проект ветен во програмата на оваа Локална Самоуправа.
Завршена е изградбата на спортската сала во средното училиште „Ристе Ристески Ричко“ заеднички проект на Локалната самоуправа, Владата на РМ и Министерството за образование во вредност од 40 милиони денари. Исто така извршена е комплетна замена на надворешната столарија проект вреден 8 милиони денари од Министерството за образование и наука на истото училиште.
Во тек на реализација е изградбата на спортска сала во средното училиште „Кузман Јосифоски Питу„ и поставени се камен темели за изградба на спортска сала во ОУ „Добре Јованоски“
Заврши изградбата на ново монтажно училиште во С. Чепигово, во вредност од 2,5 милиони денари средства од Министесртвото за образование и наука. Во тек продолжува изградбата на нови две монтажни училишта во с. Беровци и Галичани.
Комплетно е реновирано подрачното училиште на ОУ „Блаже Конески“ во населбата „Варош“, извршена е комплетна промена на подовите во ОУ „Кире Гаврилоски“, нови подови и внатрешна столарија во ОУ „Климент Охридски“, извршена е промена на електричната инсталација во ОУ „Рампо Левката“ и во ОУ „Круме Волнароски“ во Тополчани, нови санитарни јазли во ОУ „Страшо Пинџур“ – Г.Коњари , средства од буџетот на Општина Прилеп во висина од 8 милиони денари.
Во завршна фаза се градежните активности околу реновирање на надворешните скали во ОУ „Гоце Делчев“, во висина од еден милион денари од Општина Прилеп.
Пуштени во употреба се нови кабинети и лабораторија за практична настава во средното училиште „Ѓорче Петров“, 2,5 милиони денари, средства од Општина Прилеп.
Завршена е изградбата на повеќенаменско игралиште во дворот на Гимназијата „Мирце Ацев“ и поставена е Вештачка карпа за љубителите на екстремните спортови заеднички проект со Агенцијата за млади и спорт, и извршена е реконструкција на спортската сала во истото училиште.
Пуштена во употреба е нова градинка во населеното место Тополчани, со поддршка на Министерството за Труд и социјална политика.
Во завршн афаза е реализацијата на проектот за реконструкција на дел од објектот на детската градинка во населбата „Бончејца“, со што ќе се зголеми капацитетот на градинката за згрижување на уште 100 деца. Проектот е обезбеден преку програмата „Форуми во заедницата“, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и Општина Прилеп во вкупен износ од 7 милиони денари.
Изградена е мотокрос патека за љубителите на екстремните спортови, партнерски проект на Центарот за развој на пелагониски плански регион и Општина Прилеп во висина од 2,5 милиони денари, и организирана е промотивна трка со учесници од Балканот.
Пуштен е во употреба патот што ги поврзува населемните места Алинци – Шелеверци во должина од 3, 5 километри, а до крајот на годинава ќе биде завршено и патното поврзување на населеното место Галичани со Беровци во должина од 1,5 километри, пари обезбедени од ЕБОР.
Пуштен во употреба е водовод во населеното место Клепач со чија изградба конечно се реши проблемот со водоснабдувањето, пари обезбедени од буџетот на Локалната самоуправа во висина од околу 4 милиони денари.
Изграден е нов плоштад со детско игралиште во центарот на населеното место Мало Коњари.
Континуирано се поплочуваат и асфалтираат улици во градот односно во општината од годишната програма од буџетот на ЛС, како и уредување на тротоарните површини на повеќе улици.
Пуштен е во употреба еден од најголемите паркови во населбата Точила на површина од 30 илјади метри квадратни со што Прилеп го задржува приматот на еден од најзелените и најчиси градови во Македонија, проект вреден над 10 милиони денари, средства обезбедени на ЈКП „Комуналец“ и Локалната самоуправа.
Изградена и осветена е црквата „ Св. Константин и Елена“ во неселба „Типски куќи“ со преубав парк околу неа, проект вреден повеќе милиони денари, а во тек е изградба на уште 4 други цркви.
За прв пат Прилеп ќе добие Капела, проект во завршна фаза на реализација во висина од 350.000 евра средства од ЈКП „Комуналец“ и Општина Прилеп.
Во тек е изградба на нов стадион за голем фудбал со вештачка трева, во висина од 450.000 евра, средства од буџетот на Локалната самоуправа и донација од УЕФА и ФФМ.
Паркот на револуцијата континуирано се збогатува со нови содржини мини зоолошка и рајска градина.
Завршена е реконструкција на оградата на мостот на Градската река во близина на старата автобуска, и изработено е идејно решение за мостот покрај ОУ „Кочо Рацин“.
Во соработка со Агенцијата за станбени и деловни објекти започна и е во тек изградбата на 78 социјални станови во населбата Точила
Продолжува да се реализира социјалната програма за ангажирање на 100 лица од социјални семејсвта поддржана од буџетот на Локалната самоуправа.
За помош на старите и изнемоштени лица – започна да се реализира и Проектот Супер Марио, кој е единствен од таков вид во Р. Македонија, со ангажирани волонтери.
Ќе продолжи да се спроведува еколошко – хуманитарната акција од „Народот за народот“, со собирање на работи од домаќинствата кои се подаруваат на социјално загрозени семејства.
Општина Прилеп и понатаму е лидер во изготвувањето решенија за легализација на диви објекти на ниво на Македонија и до сега имаме легализирано преку 6.000 објекти.
Моментално е започната изработка на рекордни 59 ДУП, 10 Локална урбанистичка планска документација, 7 урбанистички планови вон населено место, 8 урбанистички планови за села, и во тек е измена и дополнување на генералниот урбанистички план на град Прилеп, што е основа за иден развој и идни инвестиции.
За развој и напредок на градот и создавање на поволна бизнис клима Прилеп е прва општина која формиран Економски совет од истакнати бизнисмени и менаџери на познати институции од градот кои што даваат насоки во подобрување на квалитетот на работењето на Локалната самоуправа , јавните претпријатија и економскиот развој на градот.
Општина Прилеп стана препознатлива во Македонија и регионот и по организацијата на голем број културни манифестации со што Прилеп прераснува во центар на културен – фестивалски туризам.
Најголемата културно – забавна манифестација во Македонија и Балканот, Фестивалот на пиво со право го носи епитетот Супер Бренд на туристичка атракција за градот и Р.Македонија.
Прилеп по втор пат во соработка со фирмата „Комфи ангел“ се запиша на страницата на Гинисовата книга на рекорди со изработка на најголемата перница. Одлична реклама и за Прилеп и за Р.Македонија
Во континуитет продолжуваме со наградување на најуспешните ученици и спортисти кои постигнале значајни резултати во државата и надвор од неа.
Проектите „Ден на идеи и „Црвен тепих за граѓаните “ во континуитет продолжуваат и понатаму да овоможуваат одлична комуникација на Локалната самоуправа со граѓаните на Општина Прилеп. Со што траспарентноста на општината е на највисок степен.
На крајот би ве поздравил уште еднаш сите и би го ветил следното, дека и понатаму со несмален интензитет продолжуваме со реализација на изборната програма на ВМРО - ДПМНЕ и Здружената коалиција која содржи преку 400- тини проекти за подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните на Прилеп во сите домени.
На крајот Прилеп, од ден во ден прераснува во еден модерен европски град.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа