ВИДЕО: Сакал да живее како Робинзон Крусо, но не издржал без интернет

Педесет и четири годишниот француски бизнисмен Готје Тулемонд  му здосадила канцеларија и истиот пат до работата во Париз, па решил да се пресели на пуст остров.

Тој имал желба да го помине животот како Робинзон Крусо на еден од 17.000 индонезиски острови.  По долго чекање за согласност од индонезиските власти заминал на пуст остров , на кој друштво му правеле змиите, глувци и гуштер и едно куче.

Сепак ова траело само неколку месеци, бидејќи Готје неможел да ја издржи оваа авантура.

За британскиот „Гардијан“ изјавил дека сакал да биде првиот „веб Робинзон“ за да влијае на неговите сонародници Французи да го напуштат секојдневието.

На патувањето отишол во октомври , а со себе понел само Шатор, четири соларни батериии, телефон, лаптоп, ориз и тестенини. Се будел во пет часот а заспивал на полноќ. На островот берел плодови и ловел риби. На почетокот се ограничил само на одржување интернет врска за 20 евра дневно не не издржал многу. Стравот дека ќе го изгуби интернетот станувал се поголем. Сепак, најмногу му недостасувал контактот со луѓето.

 

„Да се работи со некој од друга локација може да биде добро, но да се работи виртуелно има своја граница. Ова може и да функционира но не може да го замени човечкиот контакт, рекол тој.

01.12.2013 - 12:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега