МОН: Реновирано основното училиште во гостиварско Чегране, сега добива и енергетски ефикасна фасада

Во ООУ „Перпарими“ во село Чегране, општина Гостивар, извршено е реновирање што опфаќа промена на прозорците, подовите, санитариите и кровот, во што се вложени вкупно 27,7 милиони денари. Во моментот се изведува термоизолациона фасада, за што се планирани околу 19 милиони. Со тоа, објектот ќе биде целосно енергетски ефикасен, информираат од Министерството за образование и наука.

Оттаму истакнуваат дека МОН инвестира во образовниот систем преку подобрување на условите каде се одржува наставата, обуки на наставниот кадар и квалитетни наставни програми.

-Добрата образовна инфраструктура директно влијае врз мотивацијата како на наставниците така и на учениците и овозможува постигнување подобри резултати, велат од МОН.

Од Министерството потенцираат дека нивниот Буџет е насочен кон развојни политики за градење образовен систем што, како што велат, им овозможува на учениците да прераснат во млади луѓе со знаење и критичко размислување, достигнувајќи го својот полн потенцијал.

16.08.2022 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега