СДСМ стигна до Охрид - охриѓани ја слушнаа новата програма

СДСМ денеска престојува во работна посета на Охрид, за пред граѓаните да презентира неколку од мерките содржани во неодамна објавената партиска програма.

Како што истакна претседателот на партијата Зоран Заев, децентрализацијaта на власта е процес на приближување на одлучувањето до граѓаните.

- Избравме тоа да биде токму Охрид заради неговата посебност и важност, оттаму што Охрид како природна убавина и гордост не само за неговите граѓани туку и за сите граѓани на Македонија, истакна Заев.Општините имаат повеќе и подобри информации од Министерството за труд и социјална политика за тоа кои се навистина социјално загрозени граѓани, така што со децентрализацијата на таа надлежност ќе се создадат услови за пофер и поправична распределба на социјалното помагање, нагласи Заев.

Претседателот на СДСМ ја искористи можноста да испрати порака до Владата за помош во одблокирањето на сметката на општина Охрид.

- Блокираната сметка на општина Охрид повеќе од десет години е без какви било реални изгледи да биде одблокирана. На последните избори ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта во општината и сега управува преку градоначалникот Бакрачески. Ја повикуваме Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да ги преземе барем обврските и долговите создадени од изградбата, доградбата и санацијата на колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро и на тој начин да се стабилизира и нормализира работењето на општината, истакна Заев. Најави дека опозицијата ќе поддржи секаква мерка што централната власт би ја спровела во таа насока.

30.11.2013 - 13:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега