Статистика: Зголемен бројот на индустриски работници

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работиниците во индустријата во октомври годинава споредено со истиот период лани, се зголемил за 2,8 проценти. Во првите девет месеци од годинава во однос на истиот период од 2012 година во индустријата имало повеќе работници за  еден процент.

Зголемување на бројот на работниците во откомври е регистрирано во секторите „рударство и вадење камен“ за 9,2 проценти,  преработувачката индустрија за 2,3 проценти и „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 1,5 проценти.

 

29.11.2013 - 16:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа