ВМРО-ДПМНЕ: Шеќеринска во Битола - злосторникот секогаш се враќа на местото на злосторот

Двоглавото раководство на СДСМ деновиве шета низ Македонија и промовира невозможни проекти  и  мерки кои се веќе реализирани од ВМРО-ДПМНЕ, изјавуваат денеска од владејачката партија.

        -  Според  добро познатото правило дека злосторникот секогаш се враќа на местото на злосторството денес без трошка срам во Битола ќе се појави Радмила Шекеринска за да ги врати горчливите сеќавања на едно време кое ниту еден битолчанец не сака да се повтори. Битолатекс, Фрижидери, Прогрес, Нова Трговија, Иднина ... Со каков образ заменичката на Заев ќе се појави пред 20 илјади битолчани со цели семејства кои ги остави без леб и гола егзистенција.Со каков образ наследничката на Бранко ќе се појави пред семејствата на штедачите од ТАТ кои ги зави во црно, кои загубата на животните заштеди ја платија со сопствениот живот и никогаш не дочекаа да бидат обесштетени.Со каков образ Радмила Шекеринска ќе се појави и пред членовите на СДСМ на кои им наметна раководство што не го сакаат и им дава пример на младите сопартијци дека неспособноста и поразот на избори само во СДСМ се наградува со нови функции и мандати, велат ВМРО-ДПМНЕ.

          Битолчани добро знаат дека ВМРО-ДПМНЕ работи посветено и со конкретни дела, работи за нивниот интерес, ја чувствуваат промената и никогаш нема да дозволат сеништата од минатото да се вратат во нашиот град. 

29.11.2013 - 15:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега