ВИДЕО: Кометата ИСОН го преживеа Сонцето?

Астрономите најверојатно се премислија и соопштија дека  Кометата Исон можно е да го преживеа Сонцето. 

 Најновите слики прикажуваат бледа светлост која би можела да биде мал дел од кометата. Астрономите признаваат дека се изненадени од тоа, и дека во наредните часови би можело се да се случи.

"Изгледа дека на крајот, мал дел од ИСОН останал во вселената и активно испушта гас", изјавила Карла Батамс на блогот NASA Comet ISON Observing Campaign.

„Немаме поим колкава е неговата основа, ако воопшто постои. А доколку постои, прерано е да се каже колку долго ќе преживее. Доколку преживее неколку дена, премногу е рано да се каже дали кометата ќе биде видлива навечер".

29.11.2013 - 13:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа