Кој е новиот дечко на Сузана Гавазова?

-Фолкерката неодамна на една промоција се појави заедно со момче со кое постојано си разменуваше нежности. Шармантниот дечко, кој е помлад од неа неколку години, постојано и угодуваше на Сузе, а веднаш по пристигнувањето на промоцијата, двојката се осами и седна подалеку од луѓето, притоа не обрнувајќи внимание на околината и не штедејќи нежности, пишува Вечер.
Засега не се знае која е новата љубов на Гавазова, бидејќи фолкерката не сака да зборува за избраникот.