ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски нема каде да бега - време е да се знае вистината

       

  ВМРО-ДПМНЕ втор ден по ред го повикува градоначалникот Андреј Жерновски да не се крие зад прес конференции, институции, обвинителство или пратеници, туку тој лично, како градоначалник да поднесе кривични пријави против оние за кои смета дека наводно учествувале во постапки спротивни на законот, а во врска со реализација на проектото Скопје 2014.

        -  Жерновски нема простор каде да бега и да каде да се повлекува. Тој, заедно со неговите пријатели од СДСМ, пет години единствено што правеа е паушален и неаргументиран напад против проектот Скопје 2014 година. Лиферуваа и тресеа на празно бројки од 2 милјарди, преку 500 милиони, 200 милиони, па на крај дојдоа до 8 милиони евра за кои тие се сомневаат дека било постапени спротивно на закон. Пет години неосновано лажеа и напаѓаа многу луѓе вклучени во овој проект. Сега е време да се докаже вистината. Ако веруваат на тоа што го зборуваат повеќе нема причина зошто да одложуваат. Треба сами, лично да ја превземат одговорноста и да поднесат кривични пријави против оние за кои сметаат дека не ги почитувале законите. Пред се Жерновски како Градоначалник ја имаа таа политичка и законска обврска, но и Заев и Шеќеринска кои се негови поддржувачи и не запираат да манипулираат на оваа тема, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

          ВМРО-ДПМНЕ е убедена дека постапките водени во Општина Центар, а во врска со реализацијата на проектот Скопје 2014 се законски и транспарентни.

29.11.2013 - 11:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега