Единствена Македонија: Власта ја порази идејата за правна држава во случајот со осудениот криминалец Мијалков
Сашо Мијалков е очигледен пример за пораз на идејата за правната држава. Мијалков од позиција на власт украде стотина милиони евра а со еден дел од тие пари си ја купи слободата кај обвинителството, а еден дел од милионите му остануваат нечепнати, се вели во соопштението на Единствена Македонија.
Единствена Македонија смета дека никој од надлежните органи не се заинтересира да испита како Мијалков заработил милиони евра со десетгодишна директорска плата од околу 1.000 евра.
„Дополнително, осудениот криминалец Мијалков менува адреса на живеење во Охрид за да ја одлежи договорената казна во отвореното затворско одделение во Струга. Во тој затвор може да се користат поволности, преку ден е слободен и може да се сонча по плажите на Охридското езеро, а се враќа само за преспивање, користи годишен одмор, викенди...
Со ваквото однесување излегуваат на површина двојните аршини на овластените државни органи спрема криминалците во државата. Законите не важат исто за сите. Единствена Македонија кажува директно и јасно - ние сме во политиката да ги бркаме таквите кои прават дискриминација, па, станувало збор и за криминалците“, велат од партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа