Сонцето ја изгоре кометата Исон

Според научниците од НАСА, она што се најавуваше како најголем вселенски спектакл или „Кометата на векот“ се распадна откако наместо да го заобиколи, минала премногу блиску до Сонцето.

Астронми и луѓе кои уживаат во оваа наука на Северната хемисфера со нетпрение го очекуваа спектакуларното вселенско шоу што кометата Исон требаше да го приреди на почетокот од декември, кога ќе се појавеше над Земјата.

Кометата Исон помина само 1,2 милиони километри од површината на Сонцето по што замрзнатите парчиња, вселенската прашина и камењата во телото на кометата се растопиле.

29.11.2013 - 09:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега