Единствена Македонија: Не го признаваме францускиот предлог

 

Извршниот Комитет на Единствена Македонија на синоќешната седница донесе заклучок за непризнавање на францускиот документ и заклучоците кои ќе произлезат од собраниската расправа по повод овој документ.

„Францускиот документ и потпишувањето на протоколите со Бугарија кои ќе следат, во основа се сведуваат на подарување на македонската нација, јазик, историја на татарска Бугарија. Ова е класично национално злосторство врз македонската држава и македонскиот народ.

Единствена Македонија никогаш нема да ја предаде Македонија, нашата земја, нашата татковина. Ќе ги поништиме антимакедонските договори. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом. Онака како што се бориме за нашите домови, се бориме и за Македонија“, стои во соопштението на Единствена Македонија испратено пред малку до медиумите.

-За националното предавство на марионестката власт во Скопје одговорност мора да има, и ќе има, се дополнува во соопштението.

15.07.2022 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега