ВМРО-ДПМНЕ: Сите нека тужат!

ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција реагираше на изјавите на градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски за комисиските наоди за проектот Скопје 2014. Владејачката партија бара Жерновски како градоначалник да поднесе кривични пријави против тие за кои смета дека ги прекршиле законите поврзано со проектот „Скопје 2014“.

-  Истото го бараме и од Зоран Заев, Радмила Шеќерински и од сите кои минативе пет години се расфрлаа со обвинувања и тресеа суми од 500 милиони, 200 милиони, 2 милјарди, 100 милиони, па денес дојдоа до 8 милиони. Андреј Жерновски, Радмила Шеќеринска и Зоран Заев треба да престанат да се кријат зад комисии, зад соопштенија, зад институции, обвинителство, платени портали и сами без одлагање, врз основа на закон да поднесат кривични пријави за паушалните тврдења дека не се почитувани законите при реализацијата на проектот Скопје 2014 од страна на Општина Центар, се вели во реакцијата. 

ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека е сигурна во своите политики и тврдења и оти нема да „им дозволи и во иднина да се расфрлуваат и да вадат од ракав разно разни суми кои денес се 8 милиони, вчера беа 200 милиони, пред тоа беа 500 милиони, беа и до 2 милјарди“.

- Би сакале да порачаме и до Жерновски и до СДСМ дека времето на крупните лаги за проектот Скопје 2014 година заврши. Сега е време кога мора да се расчистат работите до крај, се вели во реакцијата.

28.11.2013 - 15:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега