ГАЛЕРИЈА: Куп железо остана од кранот кој усмрти две лица во Кавадарци

Само куп искривено железо остана од кранот кој утрово се сруши во Кавадарци при што животот го загубија двајца работници. Според првичните и се уште неофицијални информации станува збор за лица од Скопје на возраст под 45 години. Тие уште вчера почнале со процесот на монтажа на кранот. Работата продолжила утрово, кога околу 9 часот се случила несреќата. Во монтажата учествувало и трето лице кое успеало да побегне од металната конструкција.

05.07.2022 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега