Статистика: Просечната нето-плата во септември 21.060 денари

Според податоците кои ги објави денеска Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава изнесува 21.060 денари. Споредено со истиот период лани, кај платата е забележано зголемување за 1,3 проценти кое се должи на повисоката просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите „транспорт и складирање“ за 6 проценти, градежништво за 5,8 проценти и рударство и вадење камен за 4,4 проценти.

Од друга страна, намалување на просечната плата има во секторите рударство и вадење камен  за 5,8 проценти, уметност, забава и рекреација за 2,8 проценти и снабдување со вода, отстранување отпадни води, управување со отпадни дејности за санација на околината  за 2,8 проценти.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен изнесува 30.915 денари.

Во месец септември, само 1,2 проценти од вработените во Македонија не примиле плата.

28.11.2013 - 13:13
Фото: 
економски.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега