Скопјанец преку ноќ осиромаши за 15.000 евра

Засега непознат сторител опустошил куќа во Скопје и се збогатил за околу 15.000 евра. 

Според информациите од полицијата, кражбата се случила ноќта помеѓу вторникот и средата во куќата на 57 годишниот скопјанец Љ.О.

Натрапникот си заминал со златен рачен часовник вреден 700.000 денари, 2.000 евра и златен накит.

МВР трага по сторителот.

28.11.2013 - 12:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега