За 13 години од Македонија си заминале 230.000 граѓани

 

Од 1998 до 2011 година од Македонија заминале околу 230 илјади граѓани што е близу 10 отсто од населението, објави Статистичката служба на ЕУ-Еуростат.

Според Еуростат, станува збор за македонски граѓани кои имаат регулиран престој во странство. Од таа бројка околу 170 илјади имаат привремен престој во земјите од ЕУ и тоа најмногу во Италија, Германија, Австрија и Словенија.

Од 2002 до 2008 година регистрирано е масовно одобрување на странски државјанства за македонските граѓани. Според податоците на Еуростат, околу 5.000 македонски граѓани годишно во тој период добивале пасош од други држави.

Се претпоставува дека бројот на оние кои се отселиле од земјата е многу поголем, затао што не е познато колку од нив нема регулиран престој. 

најчитано сега