Еден од големите сојузници на Путин стигна во Калининград

 

Еден од најголемите политички сојузници на рускиот претседател, Владимир Путин, денеска пристигна во Калининград за да разговара за националната безбедност во време на спор меѓу Москва со Литванија, која го запре транзитот на санкционирани стоки до руската ексклава.

Николај Патрушев, моќниот секретар на рускиот Совет за безбедност, ќе одржи состанок за безбедност на рускиот северозапад во Калининград, пренесува РИА Новости.

Руската агенција пишува дека патувањето, кое ќе вклучува разговор за сообраќајот, било планирано уште пред Вилнус да го забрани транзитот на стоки кои се под санкции на ЕУ. По копнен пат, Русија има пристап до таа ексклава само преку Литванија и Полска.

Калининград, поранешно пристаниште Кенигсберг, прстолнина на Источна Прусија и дом на познатиот филозоф Имануел Кант, беше освоен од советската Црвена армија од нацистите во април 1945 година.

Литванија тврди дека забраната за транзит е спроведување на европските санкции кои имаат за цел да ја казнат Русија за инвазијата на Москва.

21.06.2022 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега