Ангелов: Одлуката за концесионер на „Дрисла“ е легалнa и легитимнa

Директорот на „Дрисла“ Горан Ангелов денеска на прес-конференција ги демантираше сите реакции поврзани со одлуката на Советот на Град Скопје за избор на приватен партнер за вложување во ова јавното претпријатие.

- Согласно одлуката на Управниот суд на Град Скопје му беше наложено да ја повтори постапката за избор и тоа во рок од 30 дена, во согласност со Законот за управни спорови. Затоа, Комисијата повторно ги разгледа сите аргументи на Управниот суд и ги образложи во новата одлука. Дополнително, на сите членови во Советот на Град Скопје, оригиналните понуди им беа достапни за да направат увид во период од 20 до 25 ноември, рече Ангелов. 

Според Ангелов, понудата на Конзорциумот од Италија е најдобра и според понудената технологијата на обработката на биоразградлив отпад, како и според финансиската конструкција на инвестиции во депонијата и профит за Град Скопје.

На прес-конференција денеска реагираше Софија Куновска, координатор на советничка група на СДСМ и коалицијата во Совет на Град Скопје, која обвини дека „Дрисла“ му се доделува на сомнителен италијански инвеститор, ФЦЛ Амбиенте.

- Германскиот конзорциум Шулц тужеше и го доби судскиот спор и пред Управниот суд и пред Вишиот Управен Суд во Република Македонија! Од германската амбасада во Скопје веќе стигна порака дека ваквото однесување на градските власти претставува правна несигурност за потенцијалните германски инвестиции, рече Куновска. Во меѓувреме, како што наведе, италијанците на големо работат на терен, што според неа, упатува на убеденост на италијанската фирма дека доделениот бизнис им е сигурен.

27.11.2013 - 16:30
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега