Радев смета дека Петков треба да има став за францускиот предлог: Тој не е курир, туку премиер

Кабинетот на премиерот Кирил Петков никогаш не успеа да подготви бугарски предлог за прашањето со Северна Македонија, а сега го увезува францускиот. Го префрли тоа на Народното собрание, без да го каже владиниот став. Премиерот не може да испрати нешто во парламентот без да го каже својот став – тој не е курир, туку премиер.

Со ваква изјава излезе денеска претседателот на Бугарија, Румен Радев, критикувајќи го премиерот зошто нема став откако вчера Петков имаше изјава дека не го видел францускиот предлог за кревање на ветото туку веднаш го препратил во Народното собрание.

 

Ставот на Радев за францускиот предлог, пак, е дека тој е во правилна насока, но сепак смета дека остануваат голем број прашања што треба да се разјаснат пред да се укине ветото.

Барањето за вклучување на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија, наведува бугарскиот претседател, мора да се направи пред почетокот на преговорите.

„Не помалку важни се јасните механизми и мерливите критериуми за искоренување на десетгодишната политика на дебугаризација, кражба и фалсификување на бугарската историја, како и за обновување на уништените споменици и знаци на бугарството на овие земји и за зачувување на бугарското културно наследство.“, вели Радев.

Тој очекува и бугарската Влада да ги разјасни овие прашања и да побара јасни механизми и гаранции.

 

18.06.2022 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега