Евакуирани канцеларии во Белата куќа

Западното крило на Белата куќа е евакуирано денеска најверојатно поради чад од просторијата во која била електричната табла. Нема информации за евентуална опасност за претседателот на САД Барак Обама, јавија телевизиите Си-Ен-Ен и Фокс њуз. 

Овалниот кабинет на претседателот на кабинетите на неговиот персонал се наоѓаат во Западното крило.

Фокс њуз јави дека во Белата куќа пристигнале противпожарни возила.

најчитано сега