Мештаните тргнаа во потрага по заљубената Маја која исчезна од дома

Во текот на вчерашниот ден околу триесеттина жители на селото Лешани тргнаа во потрега на малолетната Маја која по втор пат исчезна од дома. Мештаните за Охриднет велат дека  нејзиниот мобилен телефон бил лоциран токму во овој регион, па затоа и се оптимистични дека тука ќе најдат некаква трага за неа.

За потсетување, малолетната Маја избега од дома пред две недели. Според досегашните информации, таа преку социјалната мрежа Фејсбук запознала момче од албанска националност и избегала со него. Нејзините родители исплашени за своето чедо случајот го пријавиле во полиција и молат за помош доколку некој ја види Маја веднаш да им се обрати или да го пријави случајот во полиција.

 

27.11.2013 - 13:25
Фото: 
Канал5

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа