Подгответе се за студ: До крајот на неделата нема да паѓа снег но температурите ќе бидат под нулата

Во текот на денешниот ден, времето во Македонија ќе биде студено проследено со врнежи од нсег кои попладне ќе престанат, при што ќе има сончеви периоди.

Според најавите на УХМР, во наредните денови, времето ќе биде сончево, но студено, а нема да паѓа снег. Во Скопје температурите ќе се движат до 5 степени, во источниот дел од земјата до 2 , додека во западниот дел до  -  2 степени Целзиусови.

Во петок се очекува да дојде до мало затоплување на времето и покачување на температурите.

27.11.2013 - 12:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа