Уапсени даночни затајувачи во Скопје Велес Охрид и Крушево - детали за акцијата "Отпад"
Голема полициска акција под оперативното име „Отпад“ во моментов се одвива во земјава. Според извори на Пресс24, апсења има во Скопје, Велес, Крушево и Охрид.
Досега се уапсени седум лица кои ја оштетиле државата преку затајување на даноци и симулирање кражби на старо железо и негов откуп на црно. Групата работела како злосторничко здружение на подрачјето на овие градови.
Повеќе информации се најавуваат за подоцна.
27.11.2013 - 12:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа