Го застрелале додека се обидувал да спречи кражба - драма во тетовско

Вистинска драма се одвивала синоќа во Доброште. 34-годишниот А.Н. бил застрелан во бутот и стомакот додека синоќа околу 23 часот и 40 минути забележал засега две непознати лица како се обидуваат да украдат гориво од паркиран камион „Мерцедес“ во кругот на бензинската пумпа „Интеграл Петрол“ на регионалниот пат Тетово - Јажинце.

Застреланиот тетовчанец веднаш бил префрлен во тетовската клиничка болница каде му бил извршен хирушки зафат, а сега е пуштен на домашно лекување.

Непознатите лица веднаш избегале откако го застрелале тетовчанецот.

27.11.2013 - 11:58
Фото: 
Евести

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега