Џафери – Ќехаја: Соработка во економијата, инфраструктурното поврзување и евроатлантските интеграции
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска остварил средба со новоименуваниот амбасадор на Република Косово во земјава, Флориан Ќехаја, кому му упатил честитки за назначувањето за амбасадор, изразувајќи уверување дека плодната соработката со Косовската амбасада ќе продолжи со уште поголем интензитет.
Како што информираат од собраниската прес-служба, Џафери посочил дека позитивните и конструктивни билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Косово, што се карактеризираат со меѓусебна поддршка, почитување и отворен дијалог, се пресликани во успешната и фрекфентна меѓупарламентарна соработка, како на билатерално, така и на мултилатерално ниво.
Истовремено, Џафери истакнал дека Република Северна Македонија има афирмативен став за пристапувањето на Република Косово кон сите мултилатерални и регионални организации и иницијативи и во иднина ќе продолжиме со цврстата поддршка.
Амбасадорот Ќехаја изразил задоволство од успешната соработка меѓу Северна Македонија и Косово на бројни полињата од заемен интерес. Тој се заблагодарил за континуираната и принципиелна поддршка од Северна Македонија за евроатлантските аспирации на Косово и подготвеноста за пренесување на искуства на овој план.
Соговорниците, како што се посочува во соопштението, изразиле надеж дека соработка меѓу двете соседни земји ќе продолжи да се унапредува со несмален интензитет, со посебен акцент на продлабочувањето на економската соработка, инфраструктурното поврзување и евроатлантските интеграции.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа