Подгответе се - доаѓаат поројни дождови, град и пониски температури
Во текот на денот времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот и во ноќните часови, како што најавуваат метеоролозите, процесите ќе бидат поинтензивни, локално во форма на невреме со обилен пороен дожд, електрични празнења и појава на град.
Од УХРМ соопштуваат дека утре времето ќе биде нестабилно со дожд и грмежи, на места во форма на невреме со пороен обилен дожд од над 30 литри на метар квадратен, силни електрични празнења и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на град.
Во понеделник ќе се преовладува облачно и постудено време со врнежи од дожд.
Ваквите услови кои се очекуваат може да предизвикаат забрзано зголемување на протекот на водотеците кои се наоѓаат во подножјето на планините Шар Планина, Кораб, Пелистер и Кожуф на кои се уште има снег.
Во долните токови сите главни водотеци ќе бележат пораст на водостоите, меѓутоа се очекува водите да останат во рамките на своите корита. Сепак како најзагрозено подрачје е Полошката котлина и во сливот на Радика и Црн Дрим.