САД го одбележуваат Денот на благодарноста

Вo САД денес започнува празнувањето на Денот на благодарноста, најстариот американски празник.

Овој празник се празнува во чест на заедничката гозба која во 1621 година во малата колонија Плимут во Масачусетс ја организирале заедно со индијанското племе Вампаноа, кои им помогнале да преживеат во почетокот на нивната колонија и поделиле дел од својата храна со британските пуритански доселеници. Плимут е една од првите успешни британски колонии во Америка, основана од верска група која била прогонувана во матичната земја, а од која со текот на времето израснала денешната сојузна држава Масачусетс.

Празникот се одбележува со традиционална семејна вечера во четврток, на која се служи мисирка.

 

Претседателот Барак Обама денес ќе издаде официјално претседателско помилување за мисирка која ќе биде поштедена од тоа судбината да се најде на нечија трпеза за Денот на благодарноста. Белата куќа дури организираше натпревар преку социјалните мрежи на кој граѓаните можат да гласаат за една од двете кандидатки – мисирките Пуканка и Карамела, кои добија свои интернет профили на кои граѓаните можат да гласаат.

27.11.2013 - 10:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега