Вишеградската група со поддршка за евроинтеграцијата на Македонија

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, вчера оствари средба со делегација од земјите на Вишеградската група и со директорот на Меѓународниот Вишеградски Фонд Карла Вурстерова.

На состанокот се разговарало за можностите за соработка што ги нуди Меѓународниот Вишеградски Фонд (МВФ), кои се групираат во три програми кои се отворени за земјите од Западен Балкан и тоа проекти за граѓански НВО-сектор, отворена за сите субјекти, стипендии за магистерски и докторски студии, истражувачки програми,како и обуки за државната администрација за поглавјата од правото на ЕУ и стажирање на државни службеници во земјите на Вишеградската група.

- За време на средбата јасно беше потврдена поддршката на земјите од Вишеградската Група за Република Македонија пред Декемврискиот Самит на Европската Комисија за започнување на преговори за членство на Македонија во Европска Унија, се вели во соопштението.

 

27.11.2013 - 10:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега