Министерот Попоски ќе се обрати пред Комитетот за надворешни работи на ЕП

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел.

Предвидено е министерот денеска да има настап пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, каде ќе говори за македонската состојба во евроинтеграциите, а пред да го одржи говорот во Европарламентот, министерот Попоски е предвидено и да се сретне токму со британскиот европратеник Ховит, но и со известувачите во сенка од европскиот законодавен дом, Чарлс Тенок и Едвард Кукан.

Шефот на македонската дипломатија има закажано средба со генералниот директор на Директоратот за проширување, Кристијан Даниелсон, како и средба со влијателните новинари/дописници на светските медиуми во Брисел за утрешниот ден.

27.11.2013 - 10:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега