Бачев: Ќе ја истерам докрај работата со тајното следење за референдумот и битката за името, ги имам документите

 

Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев поднесе барање во Агенцијата за национална безбедност согласно Законот за АНБ со цел добивање на известување за тајното следење и прислушување од страна на тајната полиција по добиени документи од АНБ.  

„Почитувани,

Од патриоти во Агенцијата за национална безбедност, или, по сегашно Агенција за национална безбедност добив информации и документи од кои се гледа дека во периодот најмалку од јуни 2018 до јануари 2019 спрема мене од страна на Службата се преземени три оперативно-техничката средства и тоа: тајна контрола на телефон, тајно аудио и визуелно снимање и тајно следење и набљудување.

Да потсетам, тоа е периодот од јуни 2018 до месец јануари 2019 година, кога Единствена Македонија заедно со уште 83 македонски здруженија од земјата и странство  се здруживме во Националниот Блок „Македонија-Бојкотира и водевме битка за референдумот и против промена на уставот и името на државата. Седум месеци улиците беа нашиот дом со блокади и протести на булевари во Скопје и внатрешноста на државата, протести пред домовите на 8-те одметнати и купени пратеници, блокада на гранични премини.

Но, за сето тоа време, Службата за државна безбедност незаконски и неосновано преземала мерки за наше тајно следење и набљудување.

Денес го искористив законското право од Законот за Агенцијата за национална безбедност и поднесов барање во смисла на член 51 од законот кој дава можност секое лице да се обрати до АНБ и да побара известување дали против него се собирани тајни податоци. Согласно Законот, АНБ сега има рок од 30 дена да одговори на барањето.

Меѓутоа, јас сум цврсто решен да ја расчистиме оваа работа не само заради мене, туку, генерално за сите граѓани, бидејќи, не може Службата како резултат на политички уверувања да презема мерки на тајно следење и прислушување.

Документите, за жал, не можам денес да ги покажам, бидејќи носат ознака службена и државна тајна. Се работи за документација од околу 60 страни и во нив како што се гледа се работи за смешни и глупави информации на агентите на тајната полиција кои по кафеани и кафеански муабети таквите информациим му ги доствувале на државниот врв.

Се работи за информации како резултат на моето политичко уверување, и замислете, таму има и информации за наводни мои активности за загрозување на безбедноста и рушење на уставниот поредок на Република Македонија. Дури, врз основа на овие информации, Зоран Заев како тогашен премиер излезе во јавноста во 2018 година и бомбастично најави дека Службата има информации за руско влијание, за руски пари, за бизнимсен од Солун со руско потекло кој наводно ни дал 300.000 евра и што е поинтересно има и такви глупави информаци дека сме спремале атентат врз Зоран Заев.

Сега останува АНБ да постапи по ова мое барање, ова е почетна иницијална фаза, јас како што кажав сум решен до крај да ја истераме оваа работа. Меѓутоа, жално и срамно, Службата се уште работи како во поранешните времиња, не враќа во темното минато кога граѓаните се следени и прислушкувани од политички причини, а ние граѓаните, генерално, наивно сме верувале дека нашата служба која ја плаќаме од народот треба да презема активности за заштита на народт и државата од странска шпионажа, а они како што гледате, за жал, ме следеле мене и други наши Македонци заради свои политички уверувања.

Но, како и да е оваа работа ќе има своја завршница“, кажа Бачев.

03.06.2022 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега