Утре ќе се трча Скопскиот маратон 2013

 

Утре во 9 часот ќе стартува „Скопскиот маратон 2013“. Стартот ќе биде од улицата „Димитрије Чуповски“ во близина на Рекорд, а финишот кај портата Македонија, на Плоштадот во Скопје. Во недела, во период од 07:30 до 14:00 часот, за успешна реализација на Скопскиот маратон низ улиците на Скопје, режимот на сообраќај, ќе биде изменет.

Од 7:30 до 14 часот целосно затворени за сообраќај ќе бидат: улица „Димитрије Чуповски“, булевар „Илинден“, улица „Франклин Рузвелт“, улица „Војвода Васил Чакаларов“ (Адолф Циборовски), булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“, улица „11 Октомври“, делот на булевар „Крушевска Република“ од семафорите кај Тутунски комбинат до семафорите кај Полициска станица „Пролет“, булевар „3-та Македонска бригада“ од семафорите кај Полициска станица „Пролет“ до крстосница со улица „Фрањо Клуз“, десната коловозна лента од булевар „Јане Сандански“ од Тобако во правец кон Аеродром, се до крстосница со булевар „Србија“.

Делумно затворени за сообраќај ќе бидат: десната коловозна лента од булевар „Климент Охридски“ во правец од Матица до семафорите кај Влада, улица „Љубљанска“ во правец од бул.„Илинденска“ до семафорите кај булевар „Партизански одреди“, улица .„Московска“ во правец од булевар  „Партизански одреди“ до Студентски дом „Гоце Делчев“.

Како што веќе објавивме, ќе биде променет и режимот на линиите на Јавниот градски превоз

најчитано сега