ВМРО-ДПМНЕ: Никој во Велес не верува на „програмата” на СДСМ

СДСМ и Радмила Шекеринска во неделата направија се за да им се додворат на велешани. Но залуден беше нивниот обид. Граѓаните не излегоа и не ги поддржаа во намерата за повторна манипулација. Никој во Велес не верува повеќе на лагите кои секојдневно ги пласираат. Малата бројка на луѓе кои присуствуваа на презентацијата на т.н. „програма” јасно говори за тоа. Единствено еден грст луѓе, бивши носители на раководни функции во градот останаа верни на СДСМ, изјавуваат денеска од ВМРо-ДПМНЕ.

-Она што Шекеринска и СДСМ им го понудија на граѓаните, доколку може да се нарече програма, е обичен документ скроен на брзина, колку да се прикажат некакви мерки. Дополнително разочарува фактот што СДСМ и г-ѓата Шекеринска соочени со отсуство на конкретни идеи што да им понудат на велешани, дојдоа во градот и ги излажаа со истите проекти кои што веќе се реализираат и спроведуваат од Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Г-ѓата Радмила Шекеринска, почитувани граѓани, која денес живее во луксуз, некоректно е да објаснува за богата и слободна Македонија. Кога нејзината партија беше на власт, во Велес се затворија огромен број на фабрики и над 16 илјади велешани се најдоа на работ на егзистенцијата, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

          Заборави ли г-ѓата Шекеринска дека во Велес за време на владеењето на СДСМ полицијата ги тепаше вработените во Порцеланка кога тие штрајкуваа и си ги бараа своите права?

          Зарем не памети г-ѓата Шекеринска дека раководоството на СДСМ поставуваше роднини за судии и стечајни управници,  за потоа фабриките во Велес преку стечајните постапки ги добијат луѓе блиски на СДСМ?

          Ако не се сеќава г-ѓата Шекеринска, велешани паметат дека во 2002 година таа и нејзиниот шеф Бранко Црвенковски ги излажаа дека ќе вработуваат по еден член од секое семејство, додаваат од партијата.

                 

26.11.2013 - 14:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега