Шиповиќ денеска пред истражен судија

Мирослав Шиповиќ во притворот во Шутка денеска ќе се сретне со истражен судија. Посетата на истражниот судија доаѓа по пет дена откако тој е екстрадиран во Македонија.

За адвокатот на Шиповиќ, се уште не е јасно зошто толку се чекало за да се земе исказ од неговиот клиент.

За потсетување, претседателот на Советот на Центар беше уапсен на 15 октомври на аеродромот во Виена, при враќање во земјава од САД. Тој се товари за криминал во фирмата „Машинопромет“ тежок милион евра и е првоосомничен во случајот  „Претседавач“.

 

26.11.2013 - 13:49
Фото: 
Нетпрес

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа