Компании од Египет заинтересирани за инвестирање во Македонија

За време на денешниот бизнис-форум во Стопаснката Комора на Македонија, египетски компании покажаа интерес за инвестирање во Македонија.

- Македонскиот пазар е особено привлечен за нас. Дојдовме тука да ги скенираме деловните можности зашто сме заинтересирани за инвестиции. Ги испитуваме условите за соработка со сите земји од регионот. Веќе ги посетивме Грција и Албанија, следуваат Бугарија и Косово, изјави Ахмет Машур, од Агенцијата за консалтинг „Ектра“ пред почетокот на форумот.

Наскоро се очекува и меѓу Македонија и Египет да биде потпишан договорот за слободна трговија што ќе биде огромен бенефит за двете земји.

Трговската размена меѓу Македонија и Египет е шест милиони долари, од кои пет милиони увоз главно на прехранбени продукти и памук, а еден милион се од извоз, најмногу делови за машинската индустрија.

 

26.11.2013 - 13:20
Фото: 
Лидер.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа