Радост за скопјани - снег заврна и во Скопје

Скопјани денеска му се израдуваа на првиот снег. Како што веќе објавивме, во текот на денот времето ќе биде студено и врнежливо, а ќе дува и ветер од северен правец.

Температурите во наредните неколку денови ќе се спуштат под нулата. Во среда утринските температури ќе се движат од - 5 до 0, дневната 0 до 5 степени, додека во четврток утрински температури од -9 до -2, дневна до 7 степени.

Дефинитивно треба да се подготвиме за студ и за снежни лудории!

26.11.2013 - 12:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега