Средба Ставрески-Дајселблум: Позитивен економски раст на Македонија во услови на европска криза

Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставревски, денеска оствари средба со холандскиот министер за финансии Жерон Дајселблум во Хаг.

За време на средбата, холандскиот министер позитивно го оценил економски раст на Македонија во услови на европска должничка криза и ниската задолженост на земјава. Министерот изразил и задоволство од реформите кои се спроведуваат во Македонија, како и бизнис-климата на земјава. 

Дајселблум истакна дека очекува позитивни движења во европската економија во наредниот период, што секако ќе има влијание врз македонската економија и на нејзиниот раст.

26.11.2013 - 12:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа