Со сатар и безбол палка украле 50.000 денари од бензинска на „Макпетрол"
Ограбена уште една бензинска на Макпетрол. Синоќа засега непознати лица со фантомки на главата, влегле во бензинската на Макпетрол околу 19 часот и 45 минути,лоцирана на магистралниот пат Градско-Прилеп кај мотелот „Дреново”.
Едното лице со закана со сатар, а другото со безбол палка, успеале да земат 50.100 денари од дневниот промет, а потоа со патнички автомобил „цитроен берлинго” побегнале од местото на настанот.
Увид на местото на настанот изврши екипа од полициска станица Кавадарци
26.11.2013 - 10:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа