"Македонија е пример за економија на Балканот"

 

Во Брисел синоќа се одржа дебата „Проширувањето на Европската унија на Балканите“ во организацијата на Европскиот центар за политики на која Иван Анто Нимац, шеф на одделение во канцеларијата на Светската банка во Виена изјави дека Македонија е пример за економија на Балканот. И Флориан Бибер, директор на Центарот за јужноевропски студии од Грац, потенцира дека единствена причина поради која Република Македонија не ги почнува пристапните преговори со Унијата се грчките блокади кои според него го рушат угледот на Европската унија.

- Како претставник на Светската банка, реформите во однос на конкурентност кај земјите од Балканот го гледам преку рангирањето на “Дуинг бизнис”, што е наша алатка и генерална оценка е дека земјите од овој регион се некаде на средината на табелата. Освен Македонија, која е земја пример за економија и многу добро се снаоѓа, па се наоѓа на 25. место од 189 земји. Македонија прави напори во однос на економските реформи и се фокусира на индикатори од рангирањето и резултатите се според тоа, иако се потребни подлабоки реформи. Но, Албанија е на 191 место, Хрватска на 152-ро, Србија на 182 место, што го покажува македонскио успех - посочи Нимац.

Неговиот колега,  професорот Флоријан Бибер, како главна причина што Македонија не е се уште дел од ЕУ семејството, го посочи ветото од Грција.

- Не треба билатерални прашања да се мешаат во процесот на проширување, иако стана практика некои земји-членки да ги користат билатералните прашања за одложување на интеграцијата што руши угледот на ЕУ во регион, процесот на реформи и легитимитетот на процесот на проширување. Поради тоа некои земји се оттргнуваат од ЕУ-перспективата, па во Македонија се јавува евроскептицизам поради ова искуство оти заради Грција промашија неколку години. Колку долго може да се чека? Треба сериозен разговор за надминување на регионалните блокади, кои не се случуваат само во Западниот Балкан, а таквите прашања не смее да се европеизираат - посочи професорот Бибер.

На прашањето на дописник на МИА од Брисел, што ќе направи Европската комисија оти е јасно дека Советот повторно нема да одобри датум за почеток на преговорите за члеснтво на Македонија, посебно што комесарот Филе во петтата позитивна препорака за нашата змеја истакна дека “е загрозен кредибилитетот на проширувње на Унијата, ако Советот не ја прифати”, првиот оперативец за проширување на ЕУ со дипломатски одговор:

- Се уште не ја знаеме одлуката на Советот. Тие ја имаа тнашата препорака на маса, дека земјата ги исполнува политичките критериуми, но земјите-членки одлучуваат што понатаму. Не сакам да коментирам повеќе за ова - истакна Даниелсон, директорот на  ГД за проширување на Унијата,

26.11.2013 - 09:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега