ВИДЕО: Неверојатно - Кинескиња донесе на свет бебе тешко шест килограми

 

 

 

Кинескиња донесе на свет  бебе тешко шест килограми. 27 - годишната мајка  рече дека за вака големиот раст на бебето е заслужната исхраната, која се базира на млеко, јајца и овошје.

Лекарите во болницата рекоа дека мајката многу време поминала во болничкиот кревет и дека јадела „многу повеќе отколку што е вообичаено“, поради што многу брзо добила вишок на килограми.

- Секој ден во текот на бременоста пиев по една чаша млеко и едно јајце. Тоа ми беше дел од задолжителната исхрана откако забременив. Јадев и многу овошје, рече таа.

Нејзиното дете сепак не е најголемо бебе во Кина. Малиот Чун Чун имаше импресивни седум килограми кога се роди во 2012 година

26.11.2013 - 09:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега