Воз усмрти коњ на пругата Кичево-Скопје - сообраќајот во прекин

Патничкиот воз кој сообраќа на релацијата Кичево-Скопје, утрово удрил во коњ и го усмртил. Несреќата се случила околу 6 часот и 20 минути во близина на постојката за гостиварското село Тумчевиште.

Откако машиновозачот го удрил животното, продолжил да се движи со возот. 

Во моментов, се врши увид, по што ќе биде јасно како коњот се нашол на пругата и кој е сопственикот, а сообраќајот по пругата е во прекин.

26.11.2013 - 09:39
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега