Денеска е Свети Јован Златоуст - за многу години!

Свети Јован Златоуст е еден од најголемите цариградски патријарси. Се роди во Антиохија, во 354 година. Во младоста ги изучи грчките философи, а се дообразува во познатата Антиохиска школа. По смртта на родителите, се замонаши и почна строго да се подвизува. По својата мудрост се истакна уште во Антиохија, па подоцна, по барање на цар Аркадиј, беше поставен за патријарх во Цариград. Бог го надари со дар на јасно расудување и убаво зборување. Се успокои во 407 година, во Ерменија. Од неговите мошти, главата се наоѓа во Успенската црква во Москва, а телото во Ватикан.

26.11.2013 - 09:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега