Груевски во Романија ги презентираше бизнис потенцијалите на Македонија

Премиерот Никола Груевски кој денеска е во официјална посета на Романија, пред романски компании од автомобилскиот и градежниот сектор и од областа на туризмот, рударството и минералните суровини ги претстави можностите за инвестирање во Македонија.

- Станува збор за корисни средби и се надевам дека од дел од овие поединечни средби и разговорите што ги имав со стопанственици или генерални менаџери на овие крупни романски компании, подоцна ќе произлезе некоја инвестиција во Република Македонија, изјави премиерот Никола Груевски по средбата со романските бизнисмени.

Инаку, утре премиерот Груевски ќе присуствува и ќе се обрати на Самитот на шефови на влади од Кина и Источна и Централна Европа на кој е најавено присуство на премиери и високи политички претставници на 17 држави.

25.11.2013 - 16:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа