Министерот Попоски во посета на Париз

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, кој е во работна посета на Париз, денеска оствари средба со поранешниот министер за одбрана и актуелен сенатор, специјален пратеник за економската соработка со балканските земји,  Алан Ришар.

Како што пренесува МИА, Ришар информираше за интересот на Франција за понатамошно инвестирање во Република Македонија, додека министерот Попоски ги истакна заложбите на Владата за привлекување странски инвестиции.

- А во насока на севкупната добра економска соработка на релација Македонија-Франција, оди во прилог и претстојната посета на претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски на Франција, истакна министерот Попоски.

Инаку, синоќа попоски се сретна со неговиот француски домаќин Лоран Фабиус. - Ќе се посветиме најнапред на евроатланските интеграции на Република Македонија. Значајно е за нас, Франција, како една од клучните земји од ЕУ да биде запознаена со придобивките и со целиот процес кој се води со зачленувањето, односно почетокот на преговори за членство на Република Македонија во ЕУ. Воедно ќе разговараме и за поширока лепеза на билатерални прашања, пред се во екононскиот дел, односно како можеме да ја зајакнеме, изјави за МИА министерот Попоски.

 
За време на посетата, министерот Попоски даде интервју и за престижниот француски весник „Либерасион“, одговарајќи на прашања поврзани со нашите постигнувања во евро-интеграциите и предизвиците во тој процесот на европските интеграции.

25.11.2013 - 15:07
Фото: 
либертас.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа