Таткото на Матеј: Тешко ми е, но морам да се соочам со вистината
Во изјава за српскиот медиум „Телеграф“, таткото на исчезнатиот Матеј Периш, Ненад Периш потврди дека српската полиција го известила дека е пронајдено тело на млад човек во Дунав, чија гардероба одговара на онаа која ја носел 27-годишниот сплиќанец во ноќта кога исчезна, меѓу 30 и 31 декември минатата година.
„Треба да се спореди и ДНК, но, според облеката, пронајденото тело одговара на описот на Матеј. Ете, тоа можам да ви кажам, немам ништо друго засега. Многу ми е тешко и очекувавме некоја посреќна информација, но секоја вистина е вистина и мораме да се соочиме со неа, јас и моето семејство. Тоа е така, ништо повеќе не можам да кажам. Многу ми е тешко. Ќе дојдам во Белград“, изјавил Ненад Периш за „Телеграф“.
Како потсетување, утрово околу 9.30 часот е пронајдено тело на млад човек во Дунав, во близина на Ада Хуја. Според српските медиуми, гардеробата со која е пронајдено телото одговара на онаа којашто ја носел сплиќанецот Матеј Периш кога исчезна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа