ФОТО: Лазаров на гости кај градоначалникот на Мадрид
Во последните неколку години зачестија приемите на ракометарите и фудбалерите на Атлетико Мадрид кај градоначалникот на Мадрид Ана Ботиља.
Овој пат на свечениот прием беа претставниците на клубот, на чело со претседателот на Атлетико, Енрике Серезо и тренерот на екипата Куп-победник Талант Душебаев. Меѓу претставниците се разбира се најде и нашиот Кире Лазаров.
И овој пат, по враќањето од Доха со IHF Супер глоб, првите луѓе на Мадрид ги дочекаа хероите на Мадрид. Хозе Хавиер Омбрадос, капитенот на Атлетико Мадрид, и врачи на Ана Ботиља црвено-бел дрес со број 2020 во чест на кандидатурата на Мадрид за ЛОИ.
ФОТО: Курир